• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

Воведни интеркултурни активности

Во текот на месец февруари 2019. наставничките Селбие Зекирова и Ана Иванова Тамакарова реализираа воведни воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование, со учениците вклучени во проектот. Целта на активностите беше меѓусебно запознавање на учениците и создавање позитивна работна клима во училницата. Истото се постигна со различни активности и игри спроведени од страна на наставничките, користејќи тандемска соработка и двојазичен пристап.