• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

“Книга на пријателство”

Во текот на месец февруари 2019. година, наставничките Емел Мемишева и Јулија Свиркова ја  реализираа воведната воннаставна активност “Книга на пријателство” според Нансен моделот за интеркултурно образование со учениците вклучени во проектот.

Секој ученик на бел лист хартија го црташе својот лик. Откако беа нацртани и обоени ликовите, секој ученик си го напиша своето име на цртежот со што ја изработија Книгата на пријателство.

Целта на активноста беше меѓусебно запознавање на учениците и создавање позитивна работна клима во училницата и стекнување меѓусебна доверба.